Ракомет Спорт

Вардар го совлада Партизан за прва победа во СЕХА

Во првиот настап на домашен терен во новото издание од СЕХА лигата, ракометарите на Вардар го совладаа Партизан со 31:26.

Македонскиот шампион водеше во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено успеа да стигне до првиот триумф.

Во почетната фаза од дуелот со гостите од Белград, беа рамноправен противник не му дозволија на Вардар да направи поголема предност од два погодоци.

Во 24-тата минута, Вардар успеа да стигне до водство од 14:10 кое го одржуваше до крајот на првиот дел, а на одмор домаќинот замина со предност од 16:14.

Нашиот првак го одржуваше водството се до седмата минута од второто полувреме кога Партизан успеа да израмни на 19:19, но и во продолжението ракометарите на Вардар успеаа да стигнат до предност од три до четири погодоци не дозволувајќи му на противникот шанса да се избори за евентуално изненадување.

Во последните минути првакот на Македонија дојде и до највисокото водство од 31:26 што на крајот беше и конечен резултат.

Најефикасен во редовите на Вардар со девет гола беше Филип Талески, Дејан Манасков осум пати се запиша во листата на стрелците додека Стојанче Стоилов стигна постигна седум гола. Забележителен настап со пет погодоци имаше и Мартин Карапалевски.

Голманот Мартин Томовски кој на теренот ги мина сите шеесет минути забележа 13 интервенции.

Во поразениот тим прв стрелец со седум погодоци беше Никола Зечевиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе