Ракомет Спорт

Вардар атакува на првата победа во СЕХА

Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево од 18 часот во салата на СЦ Јане Сандански во меч од второто коло во фазата по групи од СЕХА лигата го пречекува Партизан.

По стартниот пораз од Војводина, “црвено-црните” очекуваат пред своите навивачи да ја забележат првата победа.

“Екипата на Партизан е млада и перспективна која игра брз и модерен ракомет. Имав време да ја погледнам, да ја анализираме. Вчера се вративме од тешкото патување до Прешов. Денеска ќе работиме на одбраната и нападот за да излеземе колку е можно поподготвени на мечот”, истакна тренерот на Вардар, Владо Недановски.

Вардар по подолга пауза во Скопје ќе одигра меѓународен натпревар и се очекува голема поддршка од трибините, а се со цел да се создаде атмосфера која ќе им помогне на ракометарите да стигнат до посакуваната победа.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе