Вести Македонија

Гир за Телма: Корупцијата е најголемиот предизвик кој Македонија мора да го реши

Корупцијата е најголемиот предизвик кој Македонија мора да го реши, вели ЕУ амбасадорот Гир во интервју за Телма, бидејќи сето тоа влијае врз правата на граѓаните, пристапот до образование, здравјето, вработувањето, унапредувањето.

Сега, во глобала, имаше некои позитивни чекори во оваа област, одредени закони беа усвоени, некои институции веќе ефикасно работат, како Државната комисија за спречување корупција, како некои од ревизорските органи кои вршат важна работа. Но, како што знаете, законската регулатива не е доволна, таа треба да биде имплементирана, а ако не е имплментирана, мора да биде спроведувана. Што се однесува до судството, да, има некои индивидуи, има некои делови од судството и обвинителството, кои ја вршат работата која треба да ја вршат, но мислењето на јавноста за судството е навистина многу ниско. Затоа судството и обвинителството треба на јавноста да ѝ демонстрираат, треба преку постапки да ѝ покажат, дека може да има доверба оти овие институции ќе ја спроведат правдата, вели Гир.

Истакнува дека Владата мора да ја одигра водечката улога, но и другите институции како и медиумите..

Како добар пример, кој бил решен по силната реакција од јавноста го посочува случајот со котролорите на летови.

Таквите видови реакции се исто така важни, но ние ќе продолжиме да го следиме ова исклучително внимателно, и каде што ќе можеме ќе понудиме поддршка, се додека земјата не ѝ се приклучи на ЕУ.

Еден од проблемите кој мора да се реши, според Гир,се и политичките именувања, поставување на луѓе на клучни позиции, кои не се засновани на заслуги, или искуство и квалификација, туку на политичка припадност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе