Вести Емисии Македонија Топ тема

Амбасадорот Гир за Топ Тема: Политичарите да ја поддржат независноста на медиумите, да се овозможи известување без заплашување и закани

На прашањето на Топ Тема за состојбата на медиуми и неколкукратните „прозивки“ од страна на политичарите (првин Ахмети, па премиерот Ковачевски), амбасадорот на ЕУ во Скопје Давид Гир е категоричен, на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и несоодветно влијание, а медиумите да обезбедат сигурни и точни информации на граѓаните.

Телма: Деновиве ТВ Телма беше оквалификувана од лидери на политички партии, како Ахмети, па и премиерот Ковачевски, беше етикетирана. Исто така кога ќе направиме извештај со наводи за организиран криминал и корупција добиваме несоодветни коментари од страна на претставници на власта и од институциите. Каков е Вашиот коментар на ова и за напаѓањето на некој начин врз слободата на медиумите?

-Да бидеме апсолутно јасни. Медиумите играат витална улога во едно отворено општество. Тоа значи дека на медиумите мора да им биде овозможено да си ја работат својата работа, без заплашување, закани, несоодветно влијание, без било што кое би можело да ги загрози новинарите, или поради кое ќе треба вие, или било кој друг новинар да се самоцензурира. Тоа е од апсолутно суштинско значење. Постои одговорност за луѓето од јавниот живот, вклучувајќи ги и политичарите, да ја поддржат независноста на медиумите, и да не прават ништо што би ја поткопало, рече амбасадорот Давид Гир за ТОП ТЕМА на Телма.

-Во исто време, и медиумите исто така имаат одговорности, како што знаете. Одговорности да гарантираат дека на јавноста ѝ обезбедуваат информации кои се сигурни и точни, за таа да може слободно да носи одлуки за прашања од јавен интерес, но исто така и за идната насока на државата. А тоа не е лесно! Во свет на инстант вести, во свет на лажни вести, во свет на сензационализам, дури и во ЕУ е тешко. Значи на кратко, да бидеме јасни, слободата на медиумите мора да биде почитувана, во исто време новинарите, медиумската професија мора да дејствува со високо ниво на професионална одговорност, додаде амбасадорот Гир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Дејан Дејан

По неполни два месеца повторно се менува Законот за студентски стандард – се воведува забрана за домување и до пет години при поголем прекршок

Tea Dimkovska

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе