Ракомет Спорт

Гидсел е МВП, а познат е и идеалниот тим на СП 2023

Данска направи историски подвиг и трет пат по ред го освои Светското ракометно првенство. Скандинавците вчера во големото финале во Стокхолм ја совладаа Франција со 34-29.

Очекувано беше што најдобриот играч на турнирот доаѓа од редовите на шампионот, но во идеалниот тим има само еден Данец и тоа не е МВП-то.

Трет пат по ред Данец ја освојува МВП наградата на Светските првенства, а Матијас Гидсел оваа година го наследи својот соиграч Микел Хансен. Десниот бек беше заврши како најдобар стрелец на турнирот со 60 голови. И покрај овој ефект за Гидсел немаше место во идеалниот тим.

Таму се најде само еден негов соиграч од Данска, а тоа е младиот Симон Питлик на позицијата лев бек. Најдобар голман е Германецот Андреас Волф, најдобро десно крило е Неклас Егберг од Шведска, потоа најдобар десен бек е Алекс Душебаев од Шпанија, а Недим Ремили од Франција е најдобар централен бек. Најдобро лево крило е Анхел Фернандез Перез од Шпанија, а на пикерската позиција се најде Французинот Лудовик Фабрегас. Најдобар млад играч на Светското првенство е Јури Кнор од Германија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе