Ракомет Спорт

Е. Пелистер надигран од Војводина во СЕХА

Еурофарм Пелистер со пораз ја почна новата сезона во СЕХА-лигата откако вечерва на гостувањето кај Војводина загуби со 29-24 во рамки на групата А. Македонскиот вицепрвак одигра очајно второ полувреме, кога беше надигран од противникот. Српскиот тим сега е со максимален ефект, бидејќи минатата недела го победи и Нексе на домашен терен со 31-25.

Битолчани имаа осцилации во играта во текот на првото полувреме. Откако резултатот гласеше 6-6, Војводина ја направи првата посериозна предност по една серија од 4-0. Оваа разлика домашниот тим ја одржуваше се до последните минути од првиот дел, кога Пелистер одговори фиорозно. Благодарение на серијата од 4-0, нашиот вицепрвак на полувреме имаше нерешно или 14-14.

Војводина го отвори вториот дел со фантастични 8-2, а Пелистер потоа веќе немаше шанси да се врати во натпреварот. Новосаѓани дојдоа и до највисоките +8, но битолчани затворија со 3-0 за да го ублажат поразот за конечни 29-24.

Ненад Костески беше единствената светла точка во тимот на Пелистер со седум голови. Тројца играчи кај домашните тим имаа по четири голови, а тоа беа Милан Милиќ, Лука Роган и Барис Пуковски. Во четврток, „пелистерци“ повторно гостуваат и тоа кај тимот на Нексе.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе