Вести Македонија Топ тема

Богоев за ТОП ТЕМА: СДСМ на линија со Пендаровски за забрана за влез на бугарски радикали кои негираат се што е македонско, како што е Џамбаски

На денешната седница на Советот за безбедност и заклучоците од неа, СДСМ покажа дека е на линија на ставот на претседателот Стево Пендаровски. изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во ТОП ТЕМА на Телма.

Во вечерашното гостување во емисијата ТОП ТЕМА на Телевизија Телма Богоев изјави дека логична e реакцијата на претседателот по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски

„Верувам дека сите се почувствуваа непријатно по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски со неговата група при одбележувањето на Мара Бунева. Во таа насока логична е реакцијата на претседателот Стево Пендаровски и тоа што го презентираше на Советот за безбедност” порача Богоев.

Пендаровски по денешниот национален Совет за безбедност побара владата да забрани влез на повеќе радикални бугарски политичари кои изминатиот период упатија низа провокации и негации на македонскиот народ на настани во Скопје, но и во други градови во државата. Иако не посочи со име, Пендаровски побара забрана за влез пред прославата на Гоце Делчев и за бугарски евро-пратеник кој упатува негации за македонскиот народ, а единствен таков беше европратеникот Џамбаски.

Во делот на евроинтегративниот процес, потпретседателот Богоев посочи дека за првпат кога во прашање се евроинтеграциите, се зависи од нас а од некоја земја членка на Унијата и дека тоа треба да го искористиме, додавајќи дека и во ВМРО-ДПМНЕ постојат индивидуи кои сметаат дека треба да го искористиме моментот.

„Во највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои сметаат дека нивната партија не треба да продолжи да го следи курсот на Димитар Апасиев и Левица, што води во изолација и против членство на Македонија во ЕУ” рече за ТОП ТЕМА Богоев, кој ја повтори партиската оценка дека според СДСМ, Христијан Мицкоски е во заложништво на Апасиев, па затоа често пати дава радикални изјави со цел да им се додвори на гласачите од крајната десница.

На прашање околу стабилноста на парламентарното мнозинство, Богоев повторно со одговор кој го содржи името на опозицискиот лидер и рече дека Мицкоски цела година зборува дека има 61 пратеник во Собранието, но денес, сите зборуваат за проширено парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

Помалите коалициони партнери порачуваат: Не за реконструкција на владата на штета на македонскиот блок

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе