Вести Македонија Најважни

Остри реакции откако Ахмети ги етикетираше Телма и Алфа за непријатели на Албанците

Опасна изјава на политичар која ја загрозува слободата на говорот и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Македонија. Ова се реакциите на АВМУ и на новинарските здруженија во земјава на изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој синоќа од партиска трибина во Гостивар ги етикетираше телевизиите Телма и Алфа како „непријатели на Албанците“.

„Кому му вршиме услуга со овие движења што се прават? – Секако на непријателите на Албанците. Ракоплескаат Алфа, Телма, мелма… што се тие. Што добија Албанците со поделбите во минатото. Што? Ништо не добија“, рече Ахмети.

Агенцијата за аудио и адуовизуелни медиумски услуги во својата реакција остро регира на изјавата на Ахмети потсетувајќи дека е неопходно да се почитуваат европските стандарди и ги повикувајќи ги политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите и се потикнуваат меѓуетничка нетолеранција и нетрпеливост.

„Јавните личности, а особено претседателите на политичките партии треба да бидат свесни дека слободата на изразување подразбира и одговорност. Наместо да се служат со непримерна комуникација, тие треба да служат за пример и да покажат највисоко ниво на почитување на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите“, се наведува во соопштението на АВМУ.

Од Синдикатот на новинари и медиумски работници изјавата на Ахмети ја сметаат за крајно опасна по слободата на говорот и медиумите во земјава.

„ССНМ го осудува начинот на кој Ахмети очигледно се пресметува со дел од медиумите кои критички пишуваат за политиките и дејствувањето на партијата ДУИ која е дел од владеачкото мнозинство, притоа безобразно злоупотребувајќи го албанскиот народ реферирајќи го кон него наводно „непријателското“ дејствување на телевизиите Телма и Алфа. Ваквото квалифицирање на медиумите од страна на политичарите, може да предизвика непријателско однесување кон новинарите и медиумските работници, загрозувајќи ја нивната безбедност“, стои во соопштението на ССНМ.

И од Здружението на новинари на Македонија изјавата на Ахмети ја сметаат за скандалозна која може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници, а со тоа да се поттикне цензура во поширок контекст.

„Изјавата е посебно проблематична што доаѓа од претседател на политичка партија која е дел од власта и истата може да стимулира напади и закани врз медиумите и новинарите од страна на партиските припадници, а тоа може да повлече многу негативни последици на слободата на изразување“, наведуваат од ЗНМ.

Од ЗНМ ги потсетуваат јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, дека треба да се воздржат од изјави кои што етикетираат медиуми, потсетувајќи го Ахмети, но и неговите колеги од другите политички партии, дека новинарите се гласот на јавноста и работата им е да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, а оти политичарите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања.

По бурните реакции во јавноста за изјавата на Ахмети, ДУИ преку соопштение се обиде денеска да го дообјасни и испере својот лидер од етикетирање на Телма и Алфа како непријатели на Албанците, тврдејќи дека тој не споменал „непријателски медиуми“, туку зборувал за агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на споменатите две телевизии.

Притоа во соопштението на ДУИ директно се обвинуваат македонските политички партии за недостиг на ангажман со граѓаните во контекст на односите со Албанците, што, според ДУИ, резултира со вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии.

Тамара Грнчароска

Наместо да го осуди нападот на Ахмети врз Телма и други медиуми, премиерот Ковачевски ја осуди уредувачката политика на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе