Ракомет Спорт

Талески: Групата е тешка, но не се предаваме

Македонската машка ракометна репрезентација со настапот на Светскиот шампионат ја очекува нов предизвик. Подмладениот состав предводен од најискусните Талески, Кузмановски и Митревски го очекуваат тешки противници на Мундијалот, но избраниците на селекторот Кирил Лазаров ветуваат жестока битка, максимум од своите можности, а се со цел да се мине во следната фаза од првенството.

“Навистина имаме една тешка група, но нема да се предадеме против никого, ги знаеме противниците, добро ги анализиравме противниците. Во првото коло играме со Норвешка која е фаворит за злато, но тоа не треба да не плаши. Секоја репрезентација игра квалитетен ракомет, ние нема да се плашиме, веќе покажавме дека можеме да играме со секого кога е најтешко. Наше е да ги слушаме советите на селекторот, верувам дека имаме добра иднина, станавме модерна репрезентација со многу трчање и постигнати голови. Треба да се фокусираме на одбраната и од тоа да произлезат нови голови од транзиција, младоста тоа ни го дозволува, зошто ние да не бидеме изненадување на едно големо натпреварување како што некои други репрезентации биле во минатото”, рече Талески.

Македонија е дел од групата во која ќе настапат уште Норвешка, Холандија и Аргентина. Прв противник в петок ни е еден од фаворитите за највисок пласман Норвешка.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе