Вести Македонија

Коалицијата „Зелен хуман град“ против законските измени за индустријата за увоз на отпад за горење

Над 3.000 граѓани во Македонија на годишно ниво умираат од болести кои се последица на загадениот воздух, а се враќа иницијативата индустријата да увезува отпад со чие согорување ќе добие електрична или топлинска енергија. Активистите од „Зелен хуман град“ (ЗХГ) се против иницијативата на Стопанската комора испратена до Министерството за животна средина за законски измени, со кои на индустриските капацитети ќе им се дозволи да увезуваат отпад од странство, за да го горат. „Тоа ќе предизвика криминално аерозагадување со трагични последици по животот на граѓаните, а само во интерес на крупниот капитал. И нецелосни се анализите дека виновници за загадувањето се домаќинствата и нивното загревање“, велат од ЗХГ.

„Што се домаќинствата во споредба со една индустрија која има дозвола да увезува и да гори отпад? Каде што нема никаква контрола и кога има контрола нема санкции. Законите предвидуваат смешни казни, а тие казни не се ништо за заработката и профитот на институциите. И не можат тие вечно да профитираат по цена на нашите животи“, изјави Драгана Велковска од Иницијативата „Зелен хуман град“.

Иако увозот на отпад во Македонија беше укинат во 2020 година, тоа не значи дека не се увезува. Според статистиките, 15 до 30 отсто од извозот од Европската Унија (ЕУ) кон земји кои не се членки на Унијата завршува како нелегален транспорт на отпад и отвора сомнеж што увезува Македонија, велат ЗХГ. Од таму предлагаат мерки според концептот за нула отпад.

„Бараме да се инвестира во биокомпостари. Тие биокомпостари можат да го тргнат тој отпад од улиците, од депониите, од контејнерите. Нема да се плаќа повеќе депонирање и да го претворат и во компост и во биогас. Истовремено бараме и да се инвестира многу во соларна енергија“, додава Велковска.

Потребно е да се инвестира и во капацитети за рециклирање, дополнуваат од ЗХГ.

Со индекс 163, Скопје денеска, според IQAIR, е на 12 место во светот по аерозагаденост. Главното загадување е од PM2,5 честички со 78 микрограми на метар кубен, а PМ 10 честичките се со 84,1 микрограми на метар кубен.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе