Ракомет Спорт

Се е подготвено за ракометниот спектакл во Скопје

Спортската 2023 година во земјава ќе биде отворена со ракометниот спектакл што ќе се одржи вечерва од 19 часот во арената Борис Трајковски.

Во нашата најголема сала ќе се одигра мечот во кој ќе настапи селекцијата на сите ѕвезди на македонскиот ракомет кои во минатото го носеле дресот на националниот тим и ги постигнаа најголемите успеси во историјата и актуелната репрезентација на Македонија која од 11 овој месец ќе настапи на Светскиот шампионат.

Овој натпревар воедно ќе биде и официјално простување на сите наши најдобри ракометари од минатото од репрезентативниот дрес, а публиката ќе има можност повторно да ужива во нивниот настап на теренот.

Во селекцијата на сите ѕвезди предводени од поранешните селектори Ѕвонко Шундовски и Илија Темелковски ќе настапат актуелниот предводник Кире Лазаров со членовите на стручниот штаб Ацо Јоновски и Бранко Ангеловски како и Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски, Филип Миркуловски, Петар Ангелов, Борко Ристовски, Раде Стојановиќ, Александар Јовиќ…..

Натпреварот има и хуманитарен карактер, а целиот приход ќе биде наменет за СОС Детското Село и за сите гледачи во арената е подготвена и богата забавна програма.

Влезниците за натпреварот се распорадени, а почетокот е закажан за 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе