Вести Македонија Најважни

Енвер Беџети, известител за пресудата на Мијалков која девет месеци ја чувал во фиока, е најсериозен кандидат за нов врховен судија

Енвер Беџети, известителот за пресудата на Мијалков, девет месеци ја чувал одлуката во фиока, но е најсериозен кандидат за нов врховен судија.

Во петчлениот совет во Апелација, со кој претседавал Јани Нича, судијата Енвер Беџети бил известител кој со месеци ја одолговлекувал пресудата за „Тврдина таргет“ и масовното прислушување, дознава Телма од судски извори.

Јавната расправа за случајот е одржана во март, а судијата известител е должен во рок од 60 дена да ја подготви пресудата и да ја даде на верификација кај останатите членови на советот. Но, наместо два месеца, одлуката била криена девет месеци до почетокот на декември. На рочиштето, четворица судии гласале „за“, судијката Тања Милева имала издвоено мислење за одлуката, брифираат за Телма судски извори.

Судијата известител, Енвер Беџети е единствен кој може да иницира рочиште за предметот „Тврдина таргет“ и од него зависи текот и брзината на постапката. Инаку, Беџети во судските кулоари се смета за најсериозен кандидат за унапредување во Врховниот суд. Синот на судијата известител, Енвер Беџети, пак е на Академијата за судии и обвинители и е пред завршување и избор за нов судија.

Судскиот совет, по огромните јавни реакции за скандалозната одлука на скопска Апелација, најави дека ќе ја разгледува постапката за да утврди дали поништувањето на пресудата за масовно кршење на човекови права е донесена во согласност со законските услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе