Вести Македонија Топ вести

Тимот за санкции си замина во САД, корупцијата остана

Експертите од тимот за санкции на САД си заминале, потврдуваат од американската амбасада. За време на престојот минатата недела се информирале за сознанија за случаи на висока функционерска корупција, не само за оние завршени како конфискацијата на Мијалков и на Трансмет, туку и за активни предистраги против актуелни и поранешни функционери.

Од амбасадата во одговорот до Телма не прецизираат други детали, но порачуваат дека секој висок функционер надвор од САД кој што ќе биде вмешан директно или индиректно во сериозни корупциски предмети или прекршување на човекови права, спаѓа во доменот на работата на американскиот државен секретар кој има должност да ја креира листата на санкции.

„Соединетите Американски Држави се посветени на тоа да ги повикуваат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Стејт департментот разгледува низа достапни органи на власта, кои во координација со меѓуресорски колеги,  преземaат соодветни активности за да се спротивстават на корупцијата, одговори амбасадата на САД.

Според одговорот од амбасадата, „преку идентификување од страна на овие органи на власта, САД може да промовираат одговорност за сегашни и поранешни владини функционери, кои се впуштаат во корупција, или вршат кршење и злоупотреби на човекови права, и да ги поддржуваат напорите за попречување или одвраќање од идни злоупотреби.“

За американскиот тим за санкции беше објавено дека доаѓа за да изврши агресивен увид во корупциски предмети поврзани со поранешни и актуелни чинители.

Обвинителството каде се закочени или искривени антикорупциските предмети против функционери не одговори на прашањата на Телма од 7-ми декември дали американскиот тим ги посетил, а денеска истото обвинителство одговорило дека не биле контактирани ниту давале информации за Мијалков и Империја.

Правда мора да има за сите, порачаа од амбасадата кога објавија дека е дојден тимот.

Македонските владини функционери кои пред доаѓањето на амбасадорката Агелер тврдеа дека нема сериозна корупција во нивните редови, го променија ставот, се заблагодарија на помошта, и порачаа дека има корупција од портир до врвот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе