Вести Македонија Најважни

Министерот за правда има законска можност да го поништи положениот правосуден испит на Барлет Џафери

Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери може да се поништи врз основа на законот за управна постапка, ако се утврди дека е поврзан со кривично дело, а со тоа ќе се поништат и последиците односно запишувањето на академијата за судии и јавни обвинители објаснуваат експерите. Поранешниот министер за правда Беџети за Телма потврди дека во минатото се дозволувало предвремено полагање на правосуден испит, но само доколку недостасува малку од стажот. Заменик министерот за правда Нухиу денеска не сакаше да даде изјава со изговор дека е празник.

Сè што е спротивно на законот е ништовно и казниво, бидејќи е извршено со умисла од страна на кандидатот. По аферата правосуден испит без завршен мастер експертите се децидни – никој не може да се стекне со звање ако не ги исполнил условите.

Токму поради незаконитости, министерот за правда може да го поништи уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери предвидува и законот за општа управна постапка во членот 124

Закон за ОУП, член 124

(1) За ништовен се огласува управниот акт:

– кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони;

Од истиот овоој член произлегува и дека може да се покрене и управен спор Во наредниот член  се наведува дека Со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт што значи дека и запиушувањето во академијата за судии и јавни обивнители велгува во тие правни последици што се поништуваат

Телма дојде до еден од документите со кој Барлет Џафери бара да полага трговско право како дел од правосуден испит. На него стои датум од 13 јануари 2015 година требало да полага во февруарска сесија. Ова е веројатно последниот испит на Џафери бидејки според податоците од антикорупциска токму во февруари 2015 го положил правосудниот испит, а во 5 месеци подоцна во јули се стекнал до 300 кредити.

Поранешниот министер за правда Аднан Јашари во вчерашната „Топ тема“ на Телма тврдеше дека не знаел дали синот на тогаш пратеникот од ДУИ, Талат Џафери ги исполнувал условите за правосуден испит, но знаеше дека документите за полагање ги поднел во мандатот на претходникот Блерим Беџети. Уверението за завршен правосуден испит Барлет Џафери го добил во мандатот на Јашари, но тој рече дека чувствува лична одговорност за оваа афера ниту го користел дискреционото право.

Екс министерот Блерим Беџети рече дека по осум години, не може да памети дали Барлет Џафери во негово време поднел документи. Не памети ни дали барал предвреме да полага но признава дека се одобрувало предвремено полагање  но само  доколку недостасува малку стажот кој треба да се исполни по дипломирањето а пред полагање на правосуден испит.

„Јас бев министер од 2011 до  јуни 2014 и не можам да се сеќавам после толку поминато време. Имаше барања од кандидати на кои им недостасуваше некоја недела или месец од стажот но не и со недовршено образование како што се зборува“, вели Блерим Беџети, поранешен министер за правда.

И покрај многуте дилеми што ги отвори оваа афера во неговиот ресор, заменик министерот за правда Агим Нухиу од редовите на ДУИ денеска не сакаше да одговри на прашањата на Телма.

Според извори на Телма, предвременото полагање било многу честа појава, особено од нечии деца и кандидати со дебели врски и политиката, а зад ваквата одлука морало да стои потпис од министер. Ова траело до 2019 година кога министерката Рената Десковска го смени законот и во него децидно пишува дека е забрането предвреме полагање на правосуден испит.

Колку други студенти како Барлет Џафери со неисполнети услови, полагале правосудни испити  а потоа продолжиле на Академијата за судии и обвинители ќе истражува антикорупциска во наредниот период.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе