Вести Македонија Најважни

По 8 години министерување и плата од граѓаните во три ресори, Бујар Османи тврди дека корупцијата царува во државата

На прашањето на Телма за кои функционери воопшто и функционери на ДУИ се интересирал експертскиот тим за санкции пратен од САД, а поврзан со борбата против корупцијата и против поранешни и сегашни функционери, министерот за надворешни работи Бујар Османи ги оцени изјавите на амбасадорката на САД Агелер како добри, а доаѓањето на тимот како претходно договорен за помош на државата.

Од друга страна тој по 8 години министерување (2 и пол години министер за здравство во влада на Груевски  и 5 и пол години вицепремиер и министер за надворешни во владите на Заев и Ковачевски) тврди дека во државата владее орупција на сите нивоа, а не само во политиката. ДУИ пак во власт е повеќе од 18 години.

-Корупцијата во РС Македонија не е само во политиката туку во секој општествен сектор. Секаде каде што граѓаните се јавуваат на шалтер и бараат услуга од државата, има елементи на корупција. И ништо не сме направиле ако имаме селективен пристап во овој дел. Сеопфатен пристап од портир на врата до највисок функционер во државата, одговори Османи

Тој дури предлага ДУИ да биде носител на проект за ветинг на сите нивоа иако партијата чиј член е тој веќе 18 години практикува власт како што самиот кажува од портир на врата до највисок функционер.

И министерот Спасовски кој е во МВР од 2017-та со плус два технички мандати во изборна влада е  воодушевен од изјавите на амбасадорката Агелер и од американскиот тим за санкции кој доаѓа да гледа како оние кои се платени од парите на даночните обврзници се борат со корупција. Поради ризикот од позицијата во МВР, Спасовски на редовната министерска плата месечно добива и плус 20 % како додаток.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе