Вести Македонија

И министрите воодушевени од критиките на американската амбасадорка за корупција во нивните редови

Министерот за внатрешни работи се загрижи за корупцијата во државата, во која е веќе пет ипол години на власт. Тимовите што досега, под негово водство, не покажаа резултат, ги става на располагање на Американците кои испратија специјален тим за санкции. Побара загриженост и од граѓаните, кои со радост ја примија веста за доаѓањето на американскиот тим.

На темата „корумпирани актери“ зборуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, чија партија дочека и полнолетсво на власт. И тој признава дека, корупцијата во земјава не е само на ниво на политика, туку е на секое ниво.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, вчера објави дека во земјава пристигнал тим за санкции од Вашингтон,што е тука за поагресивен преглед на минатите и сегашни корумпирани актери. На посебен тапет ќе биде правосудството во кое, според неа Американците инвестирале „милиони и милиони долари“ во изминатите децении.Верува дека, граѓаните заслужуваат да видат поврат на таа инвестиција, да видат судство што работи за нив, кое им покажува дека правдата им е достапна.

Но, наместо работа во тој стил, и денеска продолжи релаксираниот пристап во овој сектор. Членовите на Управниот одбор на клучната институција која обучува судии и јавни обвинители, дојдоа, се заблажија со бајадери, но директор не си избраа, за што ја обвинија бавната пошта.  Во последен момент им стигна кандидатура од судијата во Основниот суд Скопје 2, Андреј Димовски, кој според нив, доцна ја испратил и пријавата затоа што претходно ја згрешил адресата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе