Вести Македонија Најважни

Кој функционер прв ќе настрада од американски тим дојден во Скопје за да „врши агресивен увид“ врз корумпираните

Еден месец по пристигнувањето на амбасадорката Агелер, по чудните избори на обвинителот Абази за раководител на обвинителството за организиран криминал и на Дамева во Судскиот совет, САД во Скопје испратија и специјален тим.

Според дипломатскиот опис на информацијата станува збор за помош во борбата против корупцијата извршена од функционери и на највисоко ниво без разлика на времето кога тоа е сторено.

Твитер статус на Анџела Агелер Прајс, амбасадорка на САД во Скопје

-Тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид врз поранешните и сегашните корумпирани чинители и да ги разгледа сите потенцијални реакции. Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и обвиненија за да покаже дека никој не е над законот.

Засега нема официјално известување колку луѓе се дојдени и на кои корупциски скандали ќе фрлат поглед во Македонија за да предизвикаат антикорупциски истраги и ефекти.

Една од задачите ќе им бидат и македонските политичари кои се на листата на санкции на американското министерство за финансии.

Од април воведени се построги мерки за лицата кои предизвикуваат нестабилност на Балканските држави по наредбата на американскиот претседател Бајден потпишана уште лани. На листата се ставени Никола Груевски и Сашо Мијалков.

За избеганиот поранешен премиер Американците ги наведуваат сериозните истраги и обвиненија за корупција кои немаат епилог, додека за Мијалков е спомната двегодишната криза поради нелегалното прислушување во УБК и злоупотреба на функцијата.

Од друга страна, американскиот тим за санкции ќе има интерес и за обвинителските истраги, предистраги или прескокнувања на големите скандали кои се објавени изминатиот период, а се поврзани со актуелни функционери или функционери од владата на Заев дојдена по уривањето на Груевски.

Теренската работа на тимот дојден во Македонија, само ги продолжува досегашните јавни залагања на американските функционери за борба против корупцијата како изјавата на високиот претставник на Стејт Департментот Габриел Ескобар кој кажа дека „Вашингтон ќе продолжи со санкционирање корумпирани функционери од регионот“.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе