Судиското продолжение на натпреварот меѓу Аргентина и Саудиска Арабија на СП 2022 донесе и шокантна сцена меѓу соиграчи во азиската селекција.
Голманот на Саудијците, Ал Оваис го нокаутира Ал Шарани при обид да избоксува нафрлена топка во сопствениот шеснаесетник.
Ал Шарани остана да лежи на тревникот неколку минути пред да биде изнесен со носило од теренот.
Саудиска Арабија на крајот ја приреди првата голема сензација на Мундијалот во Катар и една од најголемите во историјата на Светските првенства, совладувајќи ја моќната Аргентина со 2:1.
— zoranceran (@zoranceran2) November 22, 2022
