Вести Македонија Топ вести Топ тема

Трајанов во Топ Тема: Не се осудувам да разговарам отворено во Парламентот – немаме гаранција за заштита од надворешни системи за прислушување

Пратеникот Павле Трајанов во вечерашната Топ Тема, во однос на расчистувањето на случајот Онишченко, изјави дека во овој момент тој не се осудува да разговара отворено во Парламентот.

„Немам гаранција и нема кој да гарантира дека Парламентот е заштитен од надворешни системи за прислушување. Таква гаранција нема а треба тоа да ни го гарантира Агенцијата за национална безбедност. Бидејќи тие се задолжени да гарантираат заштита на сите.“ – изјави Трајанов.

„Ако имаме глува соба, четири тендери пропаѓаат, каде што е заштитена од било каква можност за прислушување, нека ја направат. Друга можност е во Агенција за национална безбедност. Инаку, немаме протокол. Еден влегува со два телефони. Првиот го остава а другиот не го остава. Не е заштитена“- додава Трајанов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе