Вести Македонија Најважни

Каменувани просториите на клубот „Цар Борис Трети“, а пред „Ванчо Михајлов“ осамна нова табла на местото на опожарената

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид ноќеска е каменуван од засега непознати сторители, при што е оштетено стаклото и дел од светлечката реклама на објектот во центарот на градот. Додека охридската полиција го расчистува овој случај, Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово осамна со нов натпис над влезната врата. Старата табла изгоре во пожарот што го подметна поп пејачот Ламбе Албаковски во јуни.

Од Комисијата за спречување на дискриминација, која во октомври утврди дека клубот кој го носи името на докажан соработник на фашистите, врши дискриминација, велат дека веќе е пробиен 30 дневниот рок за отстранување на спорните содржини од социјалните мрежи, а за една недела истекува и рокот во кој здружението треба да ги острани спорните содржини од името, статутот и програмата, а не да поставува нови табли.

Ја сликав новата табла која беше опожарена, а за време на нашиот увид во август не постоеше. Им предочив на членовите на здружението дека имаат рок уште точно 8 дена да ги отстранат сите содржини кои предизвикуваат вознемирување, онака како што наведовме во нашето мислење, вели Весна Бендевска од Комисијата за спречување на дискриминација.

Доколку препораките на Комисијата за заштита од дискриминација не се испочитуваат, тогаш ова тело ќе поднесе прекршочна пријава за потежок облик на дискриминација. Во меѓувреме и обвинителството во Битола оформи предмет и ја проверува постапката за регистрација и работата на клубот Ванчо Михајлов. Од Комисијата на барање на ОЈО ја доставија  целокупната документација за случајот, но денес доставуваат и други докази дека здружението го прекршува и кривичниот законик.

Денес ќе доставам дополнителна документација во врска со  содржините на ФБ страницата кои упатуваат на можно прекршување на членот 394 г од КЗ а тоа е ширење содржини кои поттикнуваат расизам или ксенофобија преку компјутерски систем, вели Бендевска.

Во октомври Собранието ги усвои измените на Закон за здруженија со кој се забранува основање и упис на организации чие име и програма, поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување национална, расна, верска омраза, поттикнувааат фашизам и нацизам. Со ретроактивното важење на законот сите здруженија имаат рок од три месеци да го усогласат своето име, цел и програма со одредбите на ова законско решение.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе