Во првиот натпревар од Главната рунда на Европското првенство што се одржува во Скопје, Германија ја совлада Холандија со 36:28 и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
Најефикасна во победничкиот тим со осум погодоци беше Гријселс, а седум пати во листата на стрелците се запиша Стокшладер.
Кај Холанѓанките осум пати прецизна беше Малестајн.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.









