Ракомет Спорт

Савевски: Се надевам дека ќе направиме чекор напред

Македонската женска ракометна репрезентација по точно една деценија пауза повторно се враќа на големата сцена. Нашата селекција е дел од Европското првенство кое покрај во Македонија се одржува во Црна Гора и Словенија.

Прв противник на подмладената репрезентација е селекцијата на Франција која е актуелен олимписки шампион и е еден од кандидатите за освојување на златото.

“Ова е најдобрата репрезентација на Франција досега. Имаат спој на искусни и млади играчи што е нешто фантастично. Се надевам дека како што игравме со Норвешка ќе успееме да одиграме и со Франција да парарираме што подолго. Сите ракометарки што ќе бидат во тимот се класа. Наша цел е да покажеме карактер и да покажеме дека сме во нагорна линија со формирање на оваа репрезентација која е спој на кадети/јуниори и сениори кои се во странските клубови. Се надевам дека ќе направиме чекор напред, пресрет квалификациите за Светско првенство и ќе имаме поволна жрепка. Ако бевте присутни на кадетското првенство немаше голем интерес. Нашиот народ е научен да има тим кој се бори за шампионска титула. Можеби овој период од десет години го направи женската репрезентација која беше во зимски сон и веројатно затоа е тоа така. Богатството на оваа репрезентација е младоста”, изјави селекторот на националниот тим Љубомир Савевски.

Репрезентацијата на Македонија немаше многу среќа при жрепката за првата фаза. Во овој сегмент од натпреварувањето противнички ни се селекции од самиот европски и светски врв во женскиот ракомет. Покрај Франција во следниве денови ќе се соочиме уште со Холандија и Романија.

“а мене е важно да покажат карактер и добра игра, бидејќи Франција е репрезентација која може да победи секого колку разлика сака, нешто слично ќе биде и со Холандија. Имаме многу тешка група и се надевам дека ќе ја надминеме нервозата и девојките ќе покажат и повеќе од тоа што го знаат во моментов”, заврши Савевски.

Мечот против Франција почнува во 18 часот и ќе се игра во А1 арената Борис Трајковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе