Ракомет Спорт

Сензационален старт на Словенија, Норвешка сигурно до победа

Европското првенство во ракомет во женска конкуренција почна со сензација. Еден од домаќините на континенталниот шампионат Словенија на стартот забележа победа во дуелот против Данска совладувајќи ја со 28:26.

Во израмнет натпревар Словенија имаше перфектен финиш за конечен триумф. До завршните десетина минути, двете селекции се менуваа во водството, а ниту една репрезентација немаше поголемо водство од два гола.

Во завршницата Данска влезе со предност од 22:21, Словенија со серија од 2:0 го презема водството и во последните десет минути стигна до максималните 27:24 и на крајот сосема заслужено стигна до победа од 28:26.

Во вториот натпревар од Б групата, Шведска ја совлада Србија со 27:21.

Во А конкуренцијата, Швајцарија и пружи силен отпор на фаворизираната Унгарија, која сепак на крајот успеа да ги освои бодовите.

Швајцарија на 10 минути пред крајот на мечот водеше со 24:23, Унгарија со серија од 4:0 поведе со 27:24.

Унгарките во завршницата имаа целосна контрола врз играта и резултатот и успеаа да забележат победа.

Во вториот меч Норвешка беше убедлива против Хрватска и триумфираше со 32:23.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе