Вести Македонија

ФОТО: Какви ножеви носел депортираниот бугарин пред клубот „Цар Борис III“

(фотографиите се преземени од веб сајтот amazon.com)

Два ножа на расклопување имал 21-годишниот бугарски државјанин кој вчера е приведен пред културниот клуб „Цар Борис III“ во Охрид откако им станал сомнителен на охридските полицајци кои патролираат низ центарот на Охрид за да го заштитат од инциденти, клубот со контроверзно име на владетел-соработник на фашистичкиот режим на Хитлер.

Еден нож е марка „Смит&Весон“, модел Extreme OPS (слика горе). Се користи за преживување, но е квалификуван и како тактички нож. Сечивото кое се преклопува му е долго околу 8 сантиметри. Цената му е околу 12 долари (740 денари).

Вториот нож исто така на расклопување е поскап, но има слична намена, преживување во шума, се употребува при лов, а е лесен за нови и неискусни корисници на ваков вид на спортско-тактичко ладно оружје.

Станува збор за нож од производителот „Spyderco“, модел –reillence, којшто чини околу 95 долари на ново (односно околу 5.900 денари) со сечиво долго околу 11 сантиметри.

И двата џебни ножеви се одземени, а 21-годишниот бугарски државјанин е депортиран откако до прекршил законот за оружје за што му е пресудена и глоба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе