Ракомет Спорт

Талески: Време е младите играчи да го понесат главниот товар

Македонската машка ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство.

На отворањето од овој циклус составот предводен од Кирил Лазаров ќе се соочи в среда во Скопје со Луксембург, а потоа не очекува и гостување во Турција.

“Ова е нов циклус, но идејата и целта останува иста за нас. Заслужуваме постојано да сме на големите натпреварувања. Имаме убава група, можеме да го оствариме тоа што го посакуваме, да се пласираме на Европското првенство. Сега ги немаме Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов… кои беа лидери и мотиватори. Време е младината да го понесе тој товар. Изминатите неколку месеци покажавме дека сме способни за тоа.

Пример ќе го земам Алкалоид, каде селектор е главен тренер. Екипата игра динамичен ракомет, во стилот на европските екипи. Мислам дека сите ние сме подготвени за таков стил на игра. Физичката подготовка мислам нема да ни биде проблем, сите ние играме во клубовите. Само треба тактиката да ја усогласиме со нашата игра. Во денешниот ракомет нема фаворити. Треба да сме фокусирани, да си ги изработиме нашите задачи. Сакаме две победи, за да бидеме подготвени за Португалија”, изјави Филип Талески

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе