Вести Македонија Топ вести Топ тема

Сабина Факиќ во „Топ тема“: Само во 2021 година се потрошени околу една милијарда евра на јавни набавки

Граѓаните треба да бидат многу позаинтересирани за начинот на којшто се трошат јавните пари преку тендери, бидејќи само во 2021 година биле потрошени околу една милијарда евра на јавни набавки, порача Сабина Факиќ, програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Според некои меѓународни проценки, околу 20 отсто е цената на корупцијата во вкупната вредност на набавките. Ова се однесува за земји членки на Европската унија. Со оглед на слабите институции и слабиот судски систем во нашата земја, можеме да процениме дека тој процент би бил уште поголем. Што значи дека на корупција во јавните набавки само во минатата година сме загубиле околу 200 или 300 милиони евра“, посочи Факиќ.

Таа загуба, вели Факиќ, е уште позначајна, ако се има предвид дека се соочуваме со растечка инфлација, со голема криза и државата постојано се задолжува.

„Мислам дека е дојден краен момент во кој мора силно да ја притиснеме власта, и на централно и на локално ниво, за поодговорно да ги троши јавните пари, односно нашите пари“, нагласи Факиќ.

Еден од главните индикатори за зголемување на ризикот од корупција во начинот на кој што се трошат парите, според неа, се договорите кои народски ги нарекуваме договори во четири очи.

„Тие се склучуваат без да биде објавен оглас и за тие договори знаат само оние фирми со кои институцијата го склучува договорот и ги повикува на разговор. Загрижувачки е, исто така, што фирмите, кои сакајќи да учествуваат на тендер и доставуваат понуда, честопати се отфрлуваат од необјективни причини“, вели програмската директорка на ЦГК.

Тоа, потенцира Факиќ, ги обесхрабрува бизнисмените, односно фирмите, пришто се јавуваат случаи во кои се склучуваат договори врз основа на само една добиена понуда. А, кога на објавен оглас имате само една понуда, тоа значи дека пазарот не ја потврдил таа цена и оправдан е ризикот дека тие договори се склучени со цени кои се многу повисоки отколку пазарните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе