Вести Македонија Топ вести Топ тема

Пендаровски: Искуството со ЕУ нѝ е горчливо, луѓето се уморни од европската реторика и бараат конкретни активности

Искуството со Европската Унија нѝ е гочливо и имаме бројки кои може да ја измерат таа горчина, порача претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на „Топ тема“ на Телма.

„Луѓето кои живеат во овој регион се уморни повеќе од европската реторика и бараат конкретни активности .Во изминатите 18 месеци, поддршката за нашите евроинтеграции е падната за 25 проценти“, истакна претседателот Пендаровски.

За тоа, тој наведе низа причини, како критики кон Европската Унија.

„Не е само бугарската блокада, туку и 17 години чекање во чекалната за да почнеме преговори. Па им требаше нова методологија, па не знам што не требаше, па проблемот со Грција. Тоа се собра на купче. И тоа се трендови низ целиот Западен Балкан. Ве уверувам дека не постои ниту една од шесте држави на Западен Балкан,  бидејќи ги знам бројките и анкетите,  во која поддршката за членство во Европската Унија е поголема денеска за разлика од пред пет години“, вели Пендаровски.

Тој најави дека на 6 октомври во Прага се одржува првиот Самит на Европската политичка заедница на кој ќе бидат присутни сите земји-членки на Европската Унија, плус шесте од Западен Балкан, како и трите од т.н. Источно партнерство на кој главна тема ќе биде енергијата.

„Тоа е старата идеја на Макрон, поддржана од Шолц, но и од сите понатаму членки и нечленки, која вели да разговараме за стратешки прашања – како оние кои не сте членки, да не се почувствуваат изолирани и да кажат што мислат за важни прашања, додека не станат членки“, подвлече Пендаровски кој дополни дека на Самитот е најавено присуство и на Велика Британија, но не знаеше да каже на кое ниво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе