Вести Најважни Свет

Британија утре ќе добие нов премиер

По осум недели конечно утре ќе се знае кој ќе застане на премиерската позиција во Британија. Гласањето за нов лидер на Конзервативната партија е завршено, со што е ставен крај на осумнеделната битка за наследник на Борис Џонсон. Во трката за лидерската позиција во партијата но и за премиерската позиција останаа министерката за надворешни работи Лиз Трас и поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Прашањето сега за нашите членови е која е најдобрата личност да ги победи Кир Стармер и Лабуристичката партија на следните избори? Верувам дека јас сум единствениот кандидат што може да го стори тоа и моите вредности се исто така и на нашите членови и јас. Добивме искуство и визија да ги преточиме тие вредности во влада која обезбедува за британскиот народ и гарантира дека ова е најдобрата земја за живеење, работа и подигање семејство каде било во светот, изјави Риши Сунак кандидат за премиер на Британија.

Четириесет и седумгодишната Трас, на која ѝ се даваат поголеми шанси да биде иден премиер, најави дека ќе преземе итна акција за да им се помогне на Британците со нивните сè поголеми сметки, но не изнесе детали како би го направила тоа.

Она што е важно е да тргнеме на терет. Имаме две години до веројатно следните општи избори. И сакам да испорачам за луѓето. Сакам да испорачам пониски даноци. Сакам да им помогнам на семејствата кои се борат. Сигурни дека ќе го ослободиме целиот потенцијал и талент низ Британија. И тоа беше мојот фокус во текот на оваа кампања, и тоа е она за што ќе водам кампања, вели кандидатката за премиер Лиз Трас.

Ситуацијата во Британија би можела да биде полоша пред да стане подобра. Банката на Англија предвидува пораст на инфлацијата до 13%, а според други, поцрни прогнози, таа би можела да скокне и до 18%, ако цените на природниот гас останат високи како сега. Затоа јавноста ги повикува Трас и Сунак веднаш да почнат со драматични интервенции откако еден од нив ќе стане четвртиот конзервативен премиер за една деценија.

Подготвен сум да дадам сè што имам во служба на нашата нација. За да ја вратиме довербата, да ја обновиме нашата економија и да ја обединиме земјата. Сакам да имам сериозен разговор каде што можам да ви ја кажам вистината, подобра иднина не се дава, тоа е .Затоа стојам да бидам следниот лидер на Конзервативната партија и ваш премиер, додава Сунак.

Бизнисите и домаќинствата низ Велика Британија предупредуваат дека нема да ја издржат зимата без помошта од владата. Тоа ќе претставува огромен предизвик за новиот британски премиер, чие име утре ќе биде објавено.

Напуштањето на Европската унија навистина ни дава шанса како земја да станеме понадворешни, да станеме поконкурентни и да ги продлабочиме нашите врски со нашите партнери ширум светот, истакна Трас.

 Кралицата Елизабета Втора во вторник ќе го прими Борис Џонсон во својата резиденција во Белморал, кога тој и официјално ќе ја приложи оставката објавена уште во јуни .

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе