Вести Македонија Најважни

По летниот колективен одмор прва координација кај Џафери- собраниска седница на 14. септември

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ. Ова е прва редовна координација по летниот колективен одмор.

Џафери на средбата соопштил дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието, а дополнително ги информирал присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом.

Утре продолжува седницата на Комисијата за избори и именувања за изборот на уставните судии, а ќе се работи и на продолженија на веќе започнати седници.

  • Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови. Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници, се посочува во соопштението од Кабинетот на Џафери.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе