Државниот обвинител Љубомир Јовески го предложи, советот на јавни обвинители го избра Трајче Пеливанов, обвинителот во одделението за организиран криминал и корупција доаѓа на местото на позицијата на Вилма Русковска откако советот минатата недела и ја потврди суспензијата.
Спорно за членовите на советот беше дека заменичката на Русковска, Ивана Трајчева не може да раководи со одделението, бидејќи и против неа се води дисциплинска постапка. Сепак, предлог за вриштел на должнсота не беше прифатено туку само замена на раководителката, објасни предлагачот Јовески.
Во рамките на духот на законот, сметам дека нема да згрешиме ако одиме со в.д..Можеби диспозитивот треба да стои додека трае оддалечувањето на јавниот обвинител. Сметам дека нема да прекршиме права на никој што е засегнат, ниту отстранетиот јавен обвинител, ниту на првиот заменик, ниту некој трет. Тоа Обвинителство мора да има стабилно раководење, особено во овој период, рече Јовески.
Пеливанов е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, и да потпишува плата и не е класичен вршител на должноста, појаснуваат од советот на јавни обвинители. Доколку постапката за Русковска се заврши и таа се врати на работа, обвинителката повторно ќе биде шефица на ова обвинителството, но доколку тоа не се случи до истекот на нејзиниот мандат во ноември, тогаш за шеф ќе биде назначен некој од актуелните обвинители, обајснуваат од советот за јавни обвинители
Ова се определува само како времена замена, не е вршител на должноста. Тој (Пеливанов) е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, да може да се подига плата, не е како класичен вршител на должноста, а ова е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители, вели Анотнио Јолевски, претседател на советот на јавни обвинители.
Русковска која заради суспензија не смее да се приближи на работното место не сака да ја коментира одлуката, и ќе ја провери дали е согласно законот, бидејки таа веќе има наведено нејзина замена според годишниот расоред.
Русковска е под суспензија откако против неа кривична пријава поднесе ексдиректорот на управата за финансиска полиција по извршениот претерес на обвинителките, по што следеше ревизија во рабтоењето од државното обвинителство, суспензија за Русковска, а дисциплиснка постпака против уште две обвинителки Ивана Трајчева и Елзиабета Јосифовска.
Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.Пеливанов е нов во тимот обвинители против организиран криминал и корупција кој по 5 години во СЈО се префрли кај Русковска.
Пеливанов е обвинител кој заедно со Ленче Ристовска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков доби првостепени затворски казни од вкупно 20 години затвор.
Павле Беловски
