Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер против Веспрем за финале во СЕХА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер за прв пат во клупската историја обезбедија пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата кој и оваа година ќе се одржи во Задар во периодот од втори до 4 септември.

За место во големото финале и решавачката битка за трофејот Битолчани в петок на втори следниот месец ќе се соочат со Веспрем, а почетокот на натпреварот е закажан за 20:30 часот.

Во првото полуфинале кое почнува во 18 часот ќе се сретнат хрватските ривали Загреб и Нексе.

Големото финале на програмата е в недела на 4 септември и почнува во 19 часот додека за 18:30 е закажан почетокот на дуелот за третото место.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе