Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер на пенали го совлада Мешков Брест

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по подобро изведување на удари од седум метри успеа да го совлада Мешков Брест и успеа за прв пат во клупската историја да се пласира на завршниот турнир од СЕХА лигата.

Битолчани до толку посакуваниот триумф стигнаа откако пеналите го решаваа победникот. По 60 минути игра резултатот беше 23:23, а потоа домаќините четири пати успеаа да го совладаат противничкиот голман, а гостите од Белорусија беа прецизни три пати.

Во израмнет натпревар Еурофарм Пелистер водеше во текот на целиот натпревар на моменти таа изнесуваше и три погодоци, но гостите од Белорусија постојано успеваа да ја вратат неизвесноста.

Во самиот финиш Битолчани преку Марио Танкоски успеаа да поведат со 23:22, но буквално во последните секунди Стевановиќ успеа да го совлада Кизиќ и да се избори за израмнување.

Во пенал серијата клучна беше одбраната на Урбан Лесјак за конечен триумф и пласман на завршниот турнир каде за трофејот покрај Еурофарм Пелистер ќе се борат Веспрем, Загреб и Нексе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе