Спорт Фудбал

Седлоски: За жал ги повторуваме истите грешки

Македонскиот првак Шкупи во првиот меч од разигрувањето за влез во Конференциската лига на УЕФА во Скопје е совладан од Балкани и по четвртиот пораз во низа во европските клупски натпреварувања, Чаирчани се се подалеку од пласманот во фазата по групи.

“Подобриот не победи денеска. Видовте и самите, на толку шанси неискористени. Супер влеговме, поведовме, а потоа примивме гол на што ги предупредив играчите. Мислам дека тој гол не раздрма. Последните 20 минути од средбата играчите дадоа се од себе, многу шанси, не ги искористивме. Противникот со два шута на гол даде два гола. Момците го дадоа максимумот, на тие грешки кои ги правевме и минатите натпревари се повторија. Шансите мора да ги искористиме, на вакви натпревари кога не се користат шансите, противниците казнуваат. Не се предаваме така лесно и на реваншот. Одиме да одиграме таму добар натпревар. Кажав и пред мечот дека играме со добра екипа, но не заслуживме денеска да загубиме. Овие шанси кои ги имавме денеска доколку повторно ни се пружат, верувам дека ќе постигнеме гол”, изјави шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Sportska Redakcija

Епски пресврт на Аргентина против Египет: Од 0-2 до четвртфинале на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Кошаркарите ги дознаа можните противници во втората фаза од претквалификациите

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе