По поразот во Скопје во дуелот против Балкани, фудбалерите на Шкупи се се подалеку од историскиот пласман во фазата по групи од Конференциската лига на УЕФА.
Косовскиот претставник успеа да забележи победа од 2:1 и е на чекор до најголемиот успех во клупската историја.
Шкупи поведе со голот на Сандеј Адетунџи во 18-тата минута. Само четири минути подоцна Рахмани успеа да ја затресе мрежата на домаќинот за израмнување на резултатот, а победата на гостите им ја донесе Кореница во 67-та минута.
За првакот на Македонија ова е четврти пораз во низа во европските клупски натпреварувања, но останува надеж дека Чаирчани за седум дена ќе одиграат далеку подобро во Приштина и ќе успеат да се пласираат во фазата по групи од Конференциската лига.
ФОТО: Игор Паневски











