Првакот на Македонија, Шкупи утре на арената Тодор Проески го игра првиот од двата решавачки дуели за пласман во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.
Противник е косовскиот претставник Балкани, а мечот почнува во 21 часот.
“Мислам дека сме подготвени, и подобри, знаејќи го првенството во Косово. Но на теренот нема слаби противници. Не смееме никако да ја пропуштиме оваа шанса. Се надевам дека ќе ја добијам шансата од тренерот, и доколку се најдам во првите 11 подготвен сум да го дадам максимумот”, изјави Бесир Демири.
ФОТО: Игор Паневски
