Шамрок Роверс и во реваншот од квалификациите за Лига Европа успеа да го совлада Шкупи. Овој пат Ирците славеа со 2:1 и обезбедија пласман во разигрувањето за влез во второто по ранг европско клупско натпреварување, а и при евентуална елиминација тие се сигурни учесници во Конференциската лига на УЕФА.
Шкупи по поразот во Скопје го очекува епилогот од дуелот меѓу Клаксвик и Балкани бидејќи победникот од ова соочување е следниот противник во плеј офот за влез во Конференциската лига.
Ирците во Скопје имаа предност од 2:0, а стрелци на головите беа Гафни и Емаку, а почесниот погодок за Чаирчани беше дело на Сандеј Адетунџи во последните моменти од средбата.
ФОТО: Игор Паневски















