Вести Свет

Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско – економските врски, соопшти Кремљ.

Согласо договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско – економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда.

Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе