Вести Свет

Цаи: Кинеските воени вежби се неодговорни

Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен синоќа изјави дека кинеските воени вежби се „неодговорни не само кон Тајван, туку и кон меѓународната заедница“.

Таа во видеообраќање истакна дека Тајван нема дополнително да ги ескалира тензиите со Кина, но нагласи дека ќе го брани својот суверенитет.

Министерството за одбрана на Тајван вчера соопшти дека Кина денеска лансирала 11 балистички ракети „Донгфенг“ во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на островот.

Додека тајванското Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат Островот „заедно да ги бранат слободата и демократијата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе