Вести Македонија Топ тема

Формирањето на Јавната установа за урбанизам „Кензо Танге“ ја подели стручната јавност

Формирањето на Јавната установа за урбанизам „Кензо Танге“ по одлука на Советот на Град Скопје ја подели стручната јавност дали градот треба да добие уште една ваква институција со нови вработувања, директор, членови на надзорен и управен одбор и покрај тоа што веќе има Сектор за урбанизам. За првиот човек на Асоцијацијата на архитекти професорот Ралев формирањето на ваква установа за урбанистичко планирање е легитимно право на градот доколку се грижи за јавниот интерес, не за некои центри на моќ. Сепак постојат одредени дилеми, вели Ралев.

Дилемите се јавуваат по однос на тоа чии интереси ќе преферира. Секако ние се надеваме дека јавниот интерес ќе биде приоритетната платформа врз кое ќе дејствува и работи, затоа што Асоцијацијата од секогаш се залагала за експертност на архитектите да бидат основниот и базичен критериум на работењето на овие тела, а сега во овој случај и претпријатие. Дилемите се околу ефикасноста и профитабилноста, во однос на одржливоста во однос на ова претпријатие. Се надеваме дека ќе бидат ефикасни и дека нема да биде тоа монопол  врз урбанистичките и другите планирања, вели во телефонска изјава проф.д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ.

За професорката на Архитектонски факултет Дивна Пенчиќ која реагираше на социјалните мрежи ваквата одлука на Советот на град Скопје создава дилема: дали сега ќе имаме изработка на два Генерални урбанистички планови, која институција ќе биде одговорна, дали Агенцијата за планирање на простор  која веќе започна да го работи ГУП-от на Скопје 2022-2023 или новоформираната ?  За Агенцијата за  планирање простор во ниту еден случај формирањето на јавната установа „Кензо Танге“ не е конкуренција.

Агенцијата за планирање на просторот е највисока државна институција, која преку својата дејност ја креира и спроведува политиката на планирање и уредување на просторот.

Tоа е препознатливо не само преку нејзиниот институционален статус, туку и преку фондот и квалитетот на реализирани планови и проекти од областа на просторното и урбанистичкото планирање, притоа создавајќи професионален интегритет, кадар, техничка подготвеност и искуство да одговори на најсложените предизвици.

Ако се држиме до словото на Законот или правниот дел дека Агенцијата го работи  Генералниот урбанистички план и не знам како тоа би се одзело од кај нив и би се пренело во новото претпријатие истакнува проф. д-р Ралев.

Во однос на ГУП-от на Скопје 2022-2023 град Скопје со  став дека Агенцијата за планирање веќе има трипартитен договор со град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе