Вести Свет Топ вести

Постигнат договор за извоз на украинска пченица преку Црното Море

Постигнат е договор помеѓу Русија и Украина за продолжување на извозот на пченица преку црноморските пристаништа, соопшти Турција додавајќи дека очекува тој да биде потпишан уште денеска во Истанбул

За разлика од Турција, Светската организација и Украина се претпазливи, како и САД кои порачаа дека сега фокусот треба да биде врз Русија, за да го исполни договореното.

Факт е дека до денеска Русија воено ја искористи храната во овој конфликт. Уништуваа земјоделски капацитети, спречија милиони тони украинска пченица да пристигне до тие на кои што им беше потребна, порача портпаролот на Стејт департментот нед Прајс.

Извозот на украинската пченица беше прекинат по руската инвазија на Украина на 24 февруари, што дополнително влијаеше врз зголемување на цените на светските берзи, покрај веќе значителното влијание од ковид пандемијата.

Десетици милиони тони од минатогодишната жетва се сѐ уште заглавени во Украина, а само во силосите во Одеса во моментов има 20 милиони тони. Овогодинешната жетва започнува, но голем дел од засадените површини се под руска контрола, а собирањето на реколтата веќе го организираат воените администратори.

Ова не е проблем само на регионот, туку во прашање е обезбедувањето храна. Во моментов, тоа е многу важен параметар кој е неопходен. Не можеме да ја изгубиме пченицата која е насадена овде. Мора да биде собрана во догледен рок, изјави рускиот воен администратор на регионот Запорожје.

Според постигнатиот договор, украинската морнарица ќе ги наведува товарните бродови низ минираните води, а Русија ќе се согласи на прекин на огнот додека пратките поминуваат, додека Турција, поддржана од ОН, ќе врши инспекција врз товарните бродови за да одговорат на руската загриженост дека пратките ќе бидат искористени за шверцување оружје за украинската армија.

Русија од почетокот на војната тврди дека не ги блокира украинските пристаништа, туку за прекинот на испораките го обвини Киев, бидејќи ги минирал територијалните украински води околу пристаништата, и западните санкции против Русија. Украина пак, обвинува дека руската морнарица комплетно го блокирала украинскиот извоз, и ја обвини руската армија дека краде пченица од украинските земјоделци.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе