Вести Свет Топ вести

17 часа гори пожарот во Грција

17 часа беснеат шумските пожари во планинскиот регион Пентели кај Атина. Пожарникарите не можат да ја контролираат огенаната стихија која се шири, а синоќа стигна и до куќите. Населението е евакуирано, а десетина кои вдишале чад се во болница. Трета година по ред гори овој дел од Грција..луѓето секоја година ги реновираат куќите, но ова лето глетката како по третпат годи неговата куќа била неиздржлива за 84-годишен човек, кој според грчките медиуми се самоубил.

Местото Пентели е одалечено триесетина километри од Атина. Облак од густиот чад и утринава е надвиснат над Акрополот. Пламентите јазици се гледаа и од островот Евија одалечен 50 километри. Од земја, над 400-тини пожарникари се борат да го скротат огнот, а од воздух 24 хеликоптери фрлаат вода, но во текот на ноќта операцијата мораше да биде сопрена. Утринава продолжи, но силниот ветер дополнително ја отежнува работата, а домовите и вегетацијата се уште горат.

И Шпанија се уште се бори да ги смири шумските пожари предизвикани од екстремно високите темепартури. Огнените јазици беа кобни и за еден пожарникар, кој во обид да изгасне поголема површина и самиот бил проголтан од огнот. Германија го одбележа најтоплиот ден во годината досега, додека во Португалија секојдневно расте бројот на жртви од големата топлина. Во источен Лондон се запалија домови.Жителите од осум домови беа евакуирани, а уништена била и локална црква. Франција ги доживеаа најголемите шумски пожари кои зафатија 20.300 хектари.

Климатолозите се надеваат дека екстремните горештини предизвикани од климатските промени, ќе ги разбудат државите конечно да делуваат.

Се надевам дека ваквите настани ќе бидат повик за будење за многу влади и се надевам дека и во демократските земји ваквите настани ќе имаат влијание врз однесувањето на гласањето. А во демократските земји зависи од владите каков вид на политиките што ги имаат- вели Петри Таалас, Светска метеоролошка организација.

Метеоролозите предупредуваат дека овој негативен тренд со топли лета не очекува и во наредните децении.

Овој вид топлотни бранови стануваат сè почести во наредните децении. Негативниот тренд на климата ќе продолжи, барем до 2060-тите, независно од нашиот успех во напорите за ублажување на климата- додаде Салас.

Нема најава дека топлотниот бран кој дивее низ Европа ќе се смири. Се очекуваат температурите на воздухот да достигнуваат нови рекорди.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе