Вести Свет Топ вести

Отварање на пристапните преговори и за Албанија

На почетокот на пристапните преговори, за време на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Албанија, премиерот Еди Рама, овој пат избра да го цитира Албер Ками, наместо Самјуел Бекет, повторно иронично искажувајќи го своето незадоволство од одолговлекувањето на процесот. Напорите на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, Рама ги спореди со голготата на Сизиф, цитирајќи ја камиевата интерпретација на митот.

Самата борба да се достигне врвот е доволна за да го исполни срцето на човека, и токму затоа Ками предлага дека треба да го замислиме Сизиф како среќен човек. Денеска и јас сум среќен. Срцата на луѓето кои ги претставувам се исполнети со среќа. Патем, никогаш не помислив дека ќе пронајдам среќа во оваа зграда, рече Рама.

Додека Рама не се воздржуваше да го искаже своето незадоволство од бавното темпо на процесот изминативе години, неговата земја ја доби и преговарачката рамка, за разлика од Македонија, за која повторно има дополнителни услови.

Преговарачката рамка која ви ја презентираме денеска, ги зема во предвид минатите проширувања и тековните пристапни преговори, како и развивањето на законодавството на ЕУ, уредно ги отсликува заслугите на Албанија и специфични карактеристики, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Но, како што и самиот Рама призна, оценувајќи дека „ова не е почеток на крајот, туку само крај на почетокот“’, земјата ја очекува уште многу работа. Колкав ќе биде предизвикот ќе покаже скринингот, кој започнува, според зборовите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, уште попладнево.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе