Вести Македонија Најважни

Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Првата Меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ започна во Брисел, со што, по 17 години чекање, земјава официјално ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан, на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ. На Конференцијата премиерот Ковачевски отворачката изјава ја прочита на македонски јазик.

Денешното започнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ како што изјави Ковачевски се резултат на 17-годишно носење на тешки, важни, значајни, патриотски одлуки и оти во него се вградени работата и трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност.

Вградени се трудот и работата на голем број лидер на државата од нејзиното осамостојување од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри и лидери на државата, сите вработени во институциите коишто работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите, рече пред почетокот на денешната меѓувладина конференција во Брисел премиерот Ковачевски.

Ова, додаде тој, е и резултат на, како што нагласи, големата одлука која што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донеле во изминатите денови.

Таму многу јасно кажавме дека ние сме држава која што Европа во мало и која што цивилизациски историски на секој друг начин припаѓа во ЕУ, рече премиерот.

Тој притоа им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, на германскиот канцелар Олаф Шолц и на сите други претседатели и премиери на 27 земји членки на ЕУ што денес Република Северна Македонија ги започнува преговорите со ЕУ.

Одржувањето на Меѓувладина конференција следи откако синоќа земјите членки на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори со Македонија и со Албанија и решија официјално да ги поканат двете земји денеска да ги започнат меѓувладини конференции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе