Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ изрази задоволство што после 17 години чекање земјава ќе ги започне преговорите.
Огромно е задоволство што после 17 години чекање денес конечно ги започнуваме преговорите. отвараме нови перспективи за државата и граѓаните, И полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад. Европскиот предлог кој го добивме, преку широк консултатитвен процес го препознавме како најдобро можно решение, кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговорите. Во него, а за нас исклучително важно, е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања, дообјаснувања и додавки. Со тоа се отвара вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ. Што лично го сметам за најголемо достигнување и најважен успех. Македонскиот јазик на овој начин не само што ќе биде заштитен, ќе доживее и неверојатна промоција со тоа што многу земји и култури, кои традфиционално немаат допир со нашиот јазик, ќе можат да се запознаат со него, изјави Ковачевски.
Ковачевски додаде дека местото на Македонија е во ЕУ, и таа досега многу пати докажала дека е партнер од доверба за ЕУ, и за земјите членки, и така ќе продолжи да работи и во иднина.
