Вести Македонија Најважни

Рокови и наметнати теми за историчарите значат политички притисок

Протоколот ќе биде предмет на разгледување на целиот 7-член македонски состав на историската комисија, но свој став за него ќе дадат дури откако наредната недела ќе се состанат и ќе го анализираат. Дотогаш нема да даваат изјави, иако со протоколот добија две охрабрувања – едното е за една година да ја завршат работата со бугарските колеги за средниот век, второто е историската комисија да заврши со работата до влез на Македонија во Европската Унија. Други рокови ќе зависат од нив, иако историчарите кои се надвор од комисијата сметаат дека рокови во наука нема.

Што се однесува до Самоил чија држава е спомната во протоколот стои цитат „Владата на Република Северна Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија“. Досега пак историчарите договориле заедничко чествување на средновековниот владател, но нивната работа не може да се користи за креирање натписи и табли за неговиот споменик ниту пак за училишна лекција. Работата на научниците е науката, а не политика, рокови и креирање образовни политики со размена на урнеци за лекции, вели Литовски.

Протоколот не е дел од преговарачката рамка, но е спомнат. Сепак ќе има големо влијание во процесот за кој вицепремиерот Маричиќ во интервју за српска Политика предвидува дека ќе биде тежок и договорна задача и дека не содржи „никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија“.

Јасни се правилата на функционирање на Унијата и на текот на процесот интеграција во Европската Унија и никој не може да гарантира дека во текот на преговорите некоја друга земја нема да нè блокира за некое друго прашање. Но, како општество сме доволно зрели да знаеме да процениме какви одлуки мора да се донесат, кога се во прашање нашите интереси и кога компромисите се неопходни, рече маричиќ.

Процесот на самиот старт е под тежок проблем, опозицискиот бојкот за уставните измени. Министерот Османи самоуверено очекува поддршка.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе