Расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, ќе продолжи во 11 часот.
Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка и да усвои заклучоци.
Собраниската дебата два дена се одвива во мачна и напната атмосфера, пратениците од власта и опозицијата се навредуваат и надвикуваат, а синоќа беше избегнат поголем инцидент и физичка пресметка меѓу пратениците Апасиев и Костовски.
