Претпладнево пред 11 часот на скопскиот аеродром слета претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, која ќе присуствува на собраниската седница на која ќе се расправа за преговарачката рамка од францускиот предлог.
Ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Пред обраќањето во Собранието, Фон Дер Лајен ќе осватри средби со Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Истовремено пред Собранието, има протести против францускиот предлог.
Вчера на официјалниот твитер профил на ЕК, беше најавено дека Фон Дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател и ќе зборува пред „северномакедонскиот“ парламент, што е спротивно на Преспанскиот договор чиешто почитување е една од обврските за Македонија во преговарачката рамка, а исто така е и обврска за ЕУ и земјите членки. По реакциите на МНР и јавноста, грешката беше исправена, иако не беше објаснето кој е одговорен.

