Вести Македонија Најважни

Утре францускиот предлог ќе биде пред пратениците

Утре во Собранието пред пратениците ќе се најде францускиот предлог, седницата беше закажана откако Владата испрати до Парламентот  само дел од документите поврзани со предлогот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за истиот ден, половина час пред почетокот на оваа седница, закажа уште една на која обраќање ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Власта останува на ставот дека францускиот предлог е добар и оти треба да се прифати за да се крене бугарското вето и да се откочи процесот на евроинтеграција на земјава. Опозицијата е со спротивен став, а необјавувањето на протоколот и неговата содржина, според неа, фрла дополнителен сомнеж на тоа што го прави власта.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оцени дека се неосновани стравувањата за бугаризација и дека станува збор за шпекулации што се користат за некој да добие политички поени.

Во оваа фаза, потенцира Османи, нема почиста формулација за јазикот како што има во рамката предложена од француското претседателство. Рамката нема врска со Протоколот, а Протоколот ќе биде објавен, како што рече шефот на дипломатијата, пред неговата средба со бугарската министерка Теодора Генчовска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера изјави дека тоа што протоколот се уште не е објавен и не се знае што тој содржи говори за тоа дека власта, како што рече, на шверцерски начин сака да го протурка францускиот предлог.

Тој од пратениците на СДСМ побара да да го одбијат предлогот и да не гласаат за информацијата во Собранието, а тој за возврат рече дека ќе се откаже од барањето за предвремени избори.

Владата, според барањата од координација во Собранието, вчера попладнето достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година. Документите, како што посочија од Собрание, се доставени до сите пратеници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе