Вести Македонија Најважни

Опозицијата и власта си ја префрлаат надлежноста за францускиот предлог

Без оглед на исходот од собраниската седница за францускиот предлог, што почнува утре, ВМРО ДПМНЕ нема да обезбедат двотретинско мнозинство за промена на Уставот и внесување на Бугарите во него. Ова,  на социјалните мрежи  повторно го најави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, додека пратениците го повторија ставот дека, за преговарачката рамка, според Уставот, надлежен орган којшто ја прифаќа или одбива е Владата, а не  Парламентот.

Заклучоци по однос на оваа Информација, за нив  би имале смисла само доколку се со цел да се корегира францускиот предлог, да се исфрлат билатералниот протокол и сите други уцени, вклучувајќи ја и измената на Уставот. Социјалдемократите, пак, тврдат дека, заклучоците кои утре ќе ги предложат за изгласување, го штитат идентитетот.

Седницата на која пратениците треба да расправаат за Информацијата која владата ја достави за содржината на францускиот предлог, е закажана за утре во 13 часот и 30 минути.

Се очекува првин да има координација за заклучоците, а потоа да се отвори дискусија и да се гласа. Во интервју за МИА, премиерот рече дека очекува од пратениците утре да размислуваат државнички и трезвено.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе