На социјалната мрежа Твитер се појави слика со телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција во пресрет на утрешната седница на која треба да се разгледува францускиот предлог.
Насловот на сликата: „Порачајте им да не го предаваат народот“, сугерира дека треба да се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“.
Иако припаѓаат на истата коалиција, од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС. Овиe три партии кои во Собранието се претставени со 4 пратеници во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
